Викторија Тодорова, ученичка од четврто одделение во ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, освои бронзен медал на престижниот меѓународен турнир „Математика без граници“, кој се одржа неодамна во Несебар, Република Бугарија.

Извонредниот успех младата гевгеличанка го постигнала во силна конкуренција на 1.300 учесници од 15 земји, меѓу кои и од Македонија. Нашата земја годинава вторпат учествува во финалето на турнирот, на кој ученици од 8 до 18 години се натпреваруваат поделени во девет возрасни групи.
Највисокото признание на турнирот доделено на наставник-странец за мотивациска дејност во областа на математиката ѝ било врачено на Адријана Тодорова, мајка на Викторија и наставничка по математика во ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија.