Дали сте знаеле…

Велигден или Воскресение Христово е најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велипеток.
Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Велигден и празниците што се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според месечинскиот календар, кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.
Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб. песах), во првата недела по полна месечина, која е на самиот ден на пролетната рамноденица непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на велигденското утро). Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата таа ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.
На Величетврток се вапсуваат првите три јајца. Првото јајце му е посветено на Бог, второто на домаќинот на куќата и третото за благосостојба и среќа. На Велипеток е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода, чај итн. На тој ден, Исус бил распнат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. На Велјасабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапсаните јајца. Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал.