За да им го разубават времето на младите во екот на пандемијата на коронавирусот, „Синесквер“ и фестивалот за млади „Џифони Македонија“ нудат бесплатно гледање на 40 филма за деца и за тинејџери на платформата во сегментот наречен KidSqare.
Потребно е само да се регистрирате со ваш мејл и пасворд на www.cinesquare.net/#/kidsquare или на андроид-апликацијата Cinesquare, која е достапна на Гугл плеј, a наместо да платите, го внесувате кодот: GFF_Kids.

Овие филмови се бесплатно достапни за децата од Македонија, Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Кипар и од Турција.
Cinesquare е платформа како онлајн-видеотека за изнајмување филмови, која е базирана врз системот на видео на барање (Video on demand), слично како HBO GO, Нетфликс, Амазон и други.