Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на РС Македонија во врска
со вирусот ковид-19 и затворањето на вратите на образовните институции и училиштата, како општествено одговорна, компанијата „Сигмоид“ ДОО донесе одлука да овозможи БЕСПЛАТЕН пристап до премиум-услугите од платформата за учење математика JetMinds.org за сите корисници во текот на март 2020 г.
Платформата е достапна на македонски јазик, со предметот математика, а наскоро ќе биде достапна и со други предмети, со фокус на оние што сенајпроблематични за учениците.

Нашата цел е со JetMinds да инспирираме љубов кон учењето и задоволни сме што нудиме едукативна платформа што ги ангажира децата академски и на забавен начин.
Технологијата што е вградена во платформата е базирана на применета вештачка интелигенција. Таа овозможува JetMinds да препорача лекции што треба да ги совлада ученикот за да го намали јазот помеѓу материјата што ја учи
тековно и она што му е недостаток во знаењето од претходно.
Учеството на родителите е клучна компонента на искуството на децата на JetMinds. Родителите може да се вклучат во активности за учење со своето дете и, како дел од премиум-бенефициите, може да го видат прецизно напредокот на своето дете во совладување на материјата.

Тимот на „Сигмоид“ работи на платформата JetMinds од 2017 година. Оваа инвестиција е поддржана со грант од Фондот за иновации и технолошки развој.
Платформата е достапна на jetminds.org.
Дополнителни информации

• Прилог со детални информации за јавностa и za новинарите

• видеолинк:
https://www.facebook.com/jetminds1/videos/187491859125665/? vh=e&d=n O1