Хамерфест во Норвешка е најсеверниот град во Европа. Се наоѓа на 70,5 степени северна географска ширина и на 24 степени источна географска должина. Во текот на зимскиот дел од годината, ова е најпосетената дестинација во Норвешка, која на туристите од целиот свет им овозможува да видат многу ретки природни феномени, инаку вообичаени за овие простори.
Имено, меѓу другите интересни нешта, овој град има и најдолга ноќ на светот – од 19 ноември до 23 јануари над Хамерфест воопшто не се разденува. Периодот на постојана темнина е наречен поларна ноќ, бидејќи станува збор за феномен специфичен за област што се наоѓа на далечниот север на Земјината топка, во близината на Северниот Пол.
Во овој временски период Сонцето постојано се наоѓа на хоризонтот, поради неговото привидно годишно движење, па, така, градот Хамерфест има ноќ долга 66 дена.