Јас и мојот град

34

Во пресрет на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Под ова небо, под ова сонце
во твоето срце се родив јас
и растев среќна со твоите песни
еј, сакан граду, го слушам твојот глас.

А Водно како заљубено момче
со векови гордо како стражар стои,
раскажува тајни за времиња тешки
и маки и радости брои.

Те газел душман и оган те горел
во прав и пепел завиткан си бил,
но растеше гордо со нашите песни
се гордеам со тебе, граде мој мил.

Еј Скопје, мое око сино
во срцево детско те носам јас,
кај и да одам пак ќе се вратам
на Вардар шумот да го слушам вчас.

И песната нека биде брод
до брегот на моите сни,песнаѓ13 Ноември – Денот на осло
со љубов ќе те бранам
еј Скопје мое, бисеру балкански.

Мерлина Мифтарова 3-2 клас,
СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје.
Од книгата „Јас и мојот град“,
во издание на фондацијата
„Никола Кљусев“