Јапонка на своите деца им прави оброци како уметнички дела

61

 

Тој шарен свет

Јапонката Етони Мама секојдневно се обидува да ја совлада и да ја усоврши умешноста на готвењето, а нејзините оброци, кои изгледаат како вистински уметнички дела, многу брзо го освоија интернетот.

Таа е мајка на три ќерки, од 7, 9 и 11 години, кои се навистина среќни бидејќи имаат можност речиси секој ден да ги јадат овие вкусни и за око убави јадења, со омилени детски ликови од цртаните филмови.
Талентираната Етони Мама претходно не посетувала курсеви за готвење, но сега дефинитивно стана вистински мајстор за приготвување бенто-оброци.

Бенто е јапонски термин за оброци приготвени во кутија. Покрај регуларните јадења, тука се пакуваат оброци со познати ликови, разни животни и други интересни облици. Откако Етони ги постави на Инстаграм своите креации, пријателите го препознаа нејзиниот талент и наскоро таа стекна 103.000 виртуелни пријатели.
Популарноста на друштвените мрежи доведе до тоа Етони да објави и свој готвач, во кој родителите можат да пронајдат разни идеи и да најдат објаснувања како да приготват вкусни и забавни јадења, на кои нивните деца нема да можат да им одолеат.