Јазикот е чувар на идентитетот

492

Почитувани родители, драги ученици, Јазикот е средство за комуникација, но и чувар на нашиот идентитет, култура и традиција. Искористете го своето фундаментално, со Устав загарантирано право да го изучувате мајчиниот јазик во рамките на деветгодишното основно образование.

Во согласност со Уставот на нашата земја и во согласност со Законот за основно образование, а според наставниот план донесен од страна на Бирото за развој на образованието, секој припадник на заедниците може да го избере изучувањето на изборниот предмет: Јазик и култура на Србите за учениците од трето и четврто одделение; Јазик и култура на Турците за учениците од трето и четврто одделение; Јазик и култура на Бошњаците за учениците од трето до деветто одделение; Јазик и култура на Власите за учениците од трето до деветто одделение; Јазик и култура на Ромите за учениците од трето до деветто одделение; Албански јазик за учениците од шесто до деветто одделение.

Секое училиште има обврска во текот на месеците април и мај да спроведе анкета меѓу учениците и родителите за заинтересираноста за изучување на овие изборни предмети, како втор изборен предмет. Доколку училиштето не ви го понуди тоа, обратете се до стручната служба за да добиете информација за можноста за изучување на мајчиниот јазик како изборен предмет. Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците