Штеди, креирај и победи!

79

Конкурсот е во полн ек. Секојдневно пристигнуваат нови и креативни изработки и цртежи на темата „Штедење“. За денешниот број одбравме три:
„Касичка“, дело на Емил Трајков, седмо одделение во ООУ „Димче А. Габерот“ – Демир Капија. Изработена е од пластично шише од јогурт, со нозе од тапи, тело од салфетки… Најинтересно е кога ќе се наполни, се отвора тапата (устата) и се вадат парите.

„Селска чешма“ изработена од група ученици од ОУ „ 25 Мај – Скопје“ –
Тринга Емини, Диар и Ерди Хаскај, Ерза Мамути и Омер Сулиси и еден цртеж од Јана Парнаџиски 12 години, од ООУ „Гоце Делчев“ – Скопје.


Конкурсот продолжува до крајот на месецот, па ви останува доволно време да учествувате. За најдобрите следуваат убави подароци, но и гостување во најубавата детска телевизиска емисија „Ивце Пивце и другарите“, на телевизијата Канал 5. И.М.