Цвеќарница, не цвеќара

1013
Владо Димовски

Време е за одбирање подароци… Па, ајде да почнеме да размислуваме. Или, еве, како размислува една моја сосетка.
– За сестра ми знам што да купам, за внучињата нешто благо… за зетот… тој е малку чуден кога се во прашање подароците… А, за сваќата?… Ќе мора да посетам некоја цвеќара.
Од ова размислување на сосетката го вадам зборот цвеќара. Зошто?… Затоа што цвеќарите кај нас се цвеќарници, слаткарите – слаткарници, книжарите – книжарници, сендвичарите – сендвичарници.

Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!