„Училиште за кловнови“ пред најмладите прилепчани

12

„Училиште за кловнови“ по текст од Коле Ангеловски, е најновата претстава за деца што премиерно во неделата, во 11 часот, беше прикажана на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Зад реализацијата стои здружението за едукација и култура „Наша сцена“.

Во претставата во која имаше многу смеа, играње и пеење, играа: Јасмина Мицовска-Станкоска, Андон Јованоски-Аша и Илија Волчески. Одличните костими ги изработи Александар Џинго, а музиката е на Томе Темелковски.
Децата уживаа во претставата, ама научија и нешто ново и необично во училиштето за кловнови.

Цената на влезниците е симболична, само 100 денари, па веруваме дека многу деца од Прилеп ќе ја видат оваа претстава во наредниот период.