Учениците од Аеродром заслужено на распуст

333

Голем број ученици од основните училишта од општината Аеродром на крајот на учебната година освоија награди од областа на математиката и заслужено замина на летен распуст.

На 44-от државен натпревар по математика за учениците од основното образование, кој се одржа во Скопје, учествуваа 232 ученици од целата држава, а аеродромските ученици се покажаа во најубаво светло.

Осмоодделенецот Христијан Петрески од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ освои прва награда, а второто место отиде во рацете на Никола Цветановски од осмо одделение од истото училиште. Алексиј Тасиќ и Кирил Левески од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ ја освоија втората награда во категоријата седмоодделенци, а на третото место од истата категорија го освоија Милијана Стојановиќ од ООУ „Лазо Ангеловски“ и Теодор Јовановски од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Деветтоодделенецот Давид Ставров од ООУ „Александар Македонски“ ја освои третата награда на овој државен натпревар.
Исто така, за учениците од седмо, осмо, деветто одделение и прва година средно училиште (до 15,5 години) се организира Јуниорска македонска математичка олимпијада на која учествуваа 48 ученика од целата држава.

Давид Ставров, деветтоодделенец од ООУ „Александар Македонски“ се закити со златен медал, а бронзените медали отидоа во рацете на Алексија Тасиќ, Никола Цветановски и Христијан Петрески од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.