Тамбурата – најдобра другарка на Ана Марија Рампоска

386
Фото: Каролина Мицевска

Ана Марија Рампоска има 12 години, а од својата шеста година го посетува основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп, каде што во класата за народни инструменти кај проф. Мендо Ташкоски учи да свири на тамбура. Вели дека целиот овој период тамбурата ѝ е неразделна, најдобра другарка.

– Уште кога бев многу мала, кога на телевизија гледав и ги слушав звуците на тамбурата бев импресионирана. Драго ми е што секојдневно другарувам со овој инструмент, најмалку по еден час. Навистина уживам кога свирам – ни рече Ана Марија.

Таа, како членка на оркестарот од народни инструменти при училиштето, досега настапила на повеќе концерти, а последниот се одржа минатата недела, по повод Меѓународниот ден на жената, Осми март.

Дека Ана Марија напорно вежба и ја сака тамбурата потврда се наградите што ги освојува. Досега се закитила со три први и една специјална награда на државни и меѓународни натпревари.

Инаку, Ана Марија Рампоска е одлична ученичка во редовна настава, најмногу сака да го изучува мајчиниот јазик, а го сака и спортот.


Дали знаете…

Инструментот го донеле Турците во 14 и 15 век

Тамбурата е македонски народен жичен инструмент со долг врат и крушовиден облик, кој се прави од оревово дрво. Инструментот го донеле Турците во Македонија век. Тамбурата произведува метален и боцкав звук. Може да се свири соло или во ансамбл на македонска народна музика.