Пофалени творби на креативниот повик на „Колибри“: Цртаме и пишуваме во карантин

50

Убавините на книгата

Книгата мудрост ни дава,
во детскиот свет среќа раѓа.
Таа знае да сонува и да се смее благо,
таа нѐ милува драго.

Таа разиграно нѐ насмејува рано,
додека во неа најдоброто е збрано.
Кога ќе ја отвориме како на волшебен лет,
го разгледуваме целиот свет.

Тогаш се замислуваме како птица,
храбра, назапирлива, силна.
Таа нѐ води во прекрасни дни,
за да сонуваме необични сни.

Теа Ристоска, 12 години, ООУ „А.С. – Ќиќиш“, Тетово


Страшен вирус

Еден вирус многу лош
нѐ стави сите нас во ќош.
Вирусната епидемија
прерасна во пандемија

Препораките секое дете едно
ги применува и слуша вредно.
Везден само раце мијам,
со сапун убаво ги тријам
Цел ден дома врти сучи
Онлајн учи глава бучи.
Постојано со телефонот в рака
и на далечина другаруваме без мака.

Експертите по медицина
за вирусот бараат вакцина.
Мисијата е во тек
за вирусот се бара лек.

Ивона Давкова,6-2 одделение, ООУ „Гоце Делчев“,Свети Николе