Планетата дише во ист ритам

990
Нацртал: Димитар Гиновски

КОНКУРС ЗА ДЕТСКО ТВОРЕШТВО ЗА ОСНОВЦИ И ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Иако последниве години просветните работници од регионов повторно ја интензивираа својата соработка, се чини дека сето тоа е уште посилно во време кога наставата во светот и во регионот се одвива преку интернет.
Групата на Фејсбук насловена „Наставничка мрежа за време на пандемија“ (Nastavnička mreža tokom pandemije) распиша јавен повик за сите наставници и нивните ученици.
Се покануваат децата од Западен Балкан да учествуваат на регионалниот конкурс на тема „Планетата дише во ист ритам“ во следните области:
Литературно творештво (поетски или прозни состави).

Ликовно творештво (ликовна творба во слободна техника, која треба да се испрати во формат jpg или png).
Музичко творештво: тимски, онлајн да се направи композиција и да се сними со телефон.
Мојот дневник „Времето кога планетата застана“. Oд денеска до први мај водете дневник, пишувајте, цртајте, лепете значајни автентични дреболии со кои ќе ја илустрирате моменталната состојба. Потоа на први мај снимете кратка видеоснимка како го прелистувате дневникот, поставете ја на канал на Јутјуб и испратете го линкот.
Сите ученички творби треба да му се испратат на учителот, наставникот или директно на администраторите на групата на Фејсбук насловена „Наставничка мрежа за време на пандемија“ (Nastavnička mreža tokom pandemije).
На конкурсот може да учествуваат деца, млади и семејства со деца, и тоа во следните старосни категории

Прва категорија: деца од предучилишна возраст
Втора категорија: од прво до петто одделение
Трета категорија: од шесто до деветто одделение
Четврта категорија: средношколци
Петта категорија: семејства со деца
Литературните, ликовните и музичките творби да се испратат најдоцна до 15 април, а дневникот до 5 мај 2020 година.
Авторите на најдобрите творби ќе добијат дипломи.