Осамостои, не осамостали

43
Владо Димовски

Во зборуваме македонски стигна до уште една приказничка. За глувчицата и за мачорот.
– Глувчице, во последно време ти ги нема глувчињата. Како в земја да пропаднаа.
– Ами, мачориште едно, златните на мајка, пораснаа, се осамосталија.
Тука доаѓа ежот и им вели:
– Нема осамосталија. Осамосталува е осамостојува.

Успешен ден, почитувани!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!