Онлајн-априлијада за Денот на шегата

22

Во Кавадарци

За да не бидат децата лишени од радоста што секоја година им ја донесува Денот на шегата, 1 април, вработените од домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци одлучија и во ова време на изолација од коронавирусот да распишат конкурс за најуспешна маска. Но вообичаената априлијада на градскиот плоштад ја заменија со онлајн-априлијада. На огромно задоволство на децата и на вработените во домот, одѕивот беше голем, а креативноста на младите дојде до полн израз. Се разбира, голем дел маски годинава беа инспирирани од новонастанатата состојба со вирусот ковид-19.

Жирито во состав Александар Малинков, Јованка Андова, Владимир Темков, Горан Боев и Марјан Тодоровски одлучи годинава да додели две први, две втори и две трети награди за најуспешни маски, со напомена дека со самото учество во овие тешки времиња сите учесници на конкурсот што онлајн ја споделија својата креативност се победници.

Првата награда ја освоија: Драган Прескакулев од ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци и Христијан Бошев од ОУ „Тошо Велков-Пепето“, втората награда ја делат Кристина Цветкова од „Тошо Велков-Пепето“ и Мартин Бошков од „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци, додека третата награда им припадна на Јана Атанасова од ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ и учесникот под шифрата „Плашило“. Наградите ќе им бидат врачени по завршувањето на вонредната состојба, со посредство на одделенските наставници и класните раководители.
Со пораката „Чувајте се и останете дома“, вработените од домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци им се заблагодаруваат на сите учесници на конкурсот. Ми.М.