Од бележникот на писателот Наум Попески

46

Плодна есен

Ни донесе есента
разни витамини,
јаболка и круши,
грозје, жолти дињи…

И црвени пиперки
кромпир, морков, гравче,
зелката за салата,
гравчето на тавче.

Сакам да ви кажам
и ова е битно:
амбарите полни се
од полето житно.


Зимница

По небото шетаат
облачиња матни,
а ветерот носи
лисја жолтозлатни.

Есента ни стигна
со родот свој голем,
со плодови зрели
од житното поле.

Теглите се полни
со ајвар за зима,
со овошно слатко –
од сѐ по нешто има.

Зимницата готова
зима ќе си чека,
таа ќе е нашата –
природна аптека.