Новогодишна претстава на драмското студио „Цвет 75“ од Охрид

81

Драмското студио за деца и за млади „Цвет 75“ од Охрид на својот канал на социјалната мрежа Јутјуб ја постави претставата „Изгубени во паркот“. Како што ни рече менторката Драгана Боцеска, која е авторка и на текстот на пиесата, таа е реализирана на Зум, во чест на Нова година и Божиќ.
– Во претставата се зборува за ликови од бајките што во денешно време се изгубени во паркот, но некако на крајот успеваат да го најдат тоа што го бараат.Тука се принцезата на зрно грашок, Јованче и Марика,самовилата, вештерката, принцот, волкот… Една од пораките во текстот упатена до децата е дека треба да внимаваат и на чистотата во паркот и да јадат здрава храна – ни откри Боцеска.
Во претставата учествуваат: Сара Петкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Јон Георгиевски, Александра Петреска,Софија Стефановска и Ангела Ивановска, сите од Охрид.