Нови детски и спортски игралишта во скопски Аеродром

158

Општина Аеродром почна со изградба на новите детски игралишта што ги најави неодамна на неколку локации низ општината. Едната локација е во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а нови детски игралишта се градат уште на две локации, и тоа на улицата Методија Шаторов-Шарло, зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром, и зад ТЦ „Бисер“, меѓу трите кули.

– Овие активности се дел од проектот за уредување и реконструкција на сите детски игралишта на целата територија на општината и во насока на обезбедување безгрижна и безбедна детска игра – велат од локалната самоуправа.

Деновиве аеродромци добија уште едно спортско игралиште во непосредна близина на училиштето „Ѓоргија Пулевски“. Спортските терени се со мултифункционални подови со врвен квалитет, наменети за безбеден спорт и рекреација, еколошки, без штетна емисија, рециклирачки и ергономски, сертифицирани и признаени од ФИБА и ИТФ.
Општина Аеродром во наредниот период ќе ги реновира сите спортски игралишта на својата територија.