Не отисок , туку отпечаток

38
Владо Димовски

Ви зборуваме македонски приказнички. За волкот и за овцата.
– Овчичке, извини вака, ама не знам чиј е овој отисок, овде. Ај, види и кажи ми!
– Е, оваа приказна сум ја чула стопати. Да се наведнам, да видам и… ап, да ме изедеш!
Тука го сечеме дијалогов, ене ја доаѓа лисицата.
– Еј, вие! Вие, вие…. Не се вели отисок, туку отпечаток.

Убав ден, почитувани!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!