Наградата „Ванчо Николески“ за Зоран Пејковски

49

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади, која ја доделува ДПМ, му е доделена на Зоран Пејковски за пиесата за деца „Мали детски разговори“.
Одлуката за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја донесе комисијата во состав: Љерка Тот Наумова (претседател) и членовите Панде Манојлов и Горјан Петревски, а во потесен избор биле и книгите: „Дур дишам се надевам“ од Владимир Мартиновски, „Ѕвезда Мрак и суштествата од Мракоград“ од Билјана Црвенковска и „Кој се фали ќе зажали“ од Кузман Кузмановски.

Зоран Пејкоски е драмски писател, драматург, поет, прозаист, преведувач и публицист. Наедно тој е и докторанд на Институтот за македонска литература при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Автор на повеќе книжевни и драмските дела, кои се преведени на повеќе странски јазици. Бил уредник на повеќе литературни списанија и драматург во Народниот театар во Охрид. За својот книжевен и публицистички опус има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата.