Мојата омилена книга е „Збунети години“ на Велко Неделковски

690

ВИЕ НИ ПИШУВАТЕ

Здраво „Колибри“,
Јас сум Софија Ристеска, учам во ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане‘‘ во Прилеп и сум 7-1 одделение.
Уште кога бев во предучилишна возраст многу сакав да седам во скутот на мајка ми и да ја слушам како ми раскажува приказни. Тогаш очите ми светка, го преработував секој збор, секоја реченица и уживав во тоа.

Велко Неделкоски е еден од моите омилени македонски автори. Книга што ја сакам е „Збунети години‘‘, во која авторот зборува за првата љубов, тинејџерските години, за проблемите со кои се соочуваат децата за време на трансформацијата од дете во возрасен човек. Вниманието и поддршката што им се даваат на децата се клучни во градењето на личноста. Доколку детето има детство исполнето со игра, смеа, забава, убави совети и љубов – тоа ќе израсне во добра личност и неговите вредности ќе бидат бесценети.

Ми се допаѓа тоа што авторот пишува модерно, ликовите зрачат со позитивна енергија. Се соживеав со ликовите од оваа книга, со Димитар, Виолетка, Борче, Лиле. Станаа дел од мене.
Не само што ги сакам литературата, читањето и пишувањето поезија туку ја сакам и информатиката. А се пронаоѓам и во светот на танцот. Хоби ми е да играм како Мајкл Џексон, кој ми е голем идол.

Срдечен поздрав до сите деца што ги сакаат книгите, Софија Ристеска