Кога почнал човекот да ја користи силата на ветерот?

83

Ајде да видиме…

Користењето на енергијата на ветерот почнало уште во бронзената доба, и тоа најпрво за пловење на едрениците, што овозможило патувања на поголеми растојанија.
Во Јапонија, Кина и во Египет првите едноставни ветерници се појавиле пред 2.000 години, во Иран пред 1.000, а во Франција пред околу 900 години. Во почетокот на 20 век во Европа имало близу 250.000 ветерни мелници, кои годишно можеле да сомелат околу 32,5 милиони тони жито. Колкава е силата на ветерот на Земјата добро покажува овој пример: енергијата на ветерот на површината на нашата планета е поголема за 5.000 пати од енергијата на јагленот што се троши во текот на една година.