Книгата е знаење

34

Книгата е збор од букви пет,
кој со неа другарува е најбогат на свет.
Книгата е волшебничка права,
помага да станам личност здрава.
Знаења од неа добивам разни,
да нема мрак и души празни.
Сите работи од неа ги дознавам,
за нови далечни нешта јас осознавам.
Доволно е само да ја посака секој,
таа постоела – и ќе постои со векој.
Знајна е таа со чудесна моќ,
ме остави без спиење цела ноќ.
Сѐ што е потребно книгата – дава,
нѐ учи на храброст, хуманост и слога,
а знаењето од неа
ни отвора патишта до светска слава.

Ивана Милева
6. одделение,
ОУ „Фаик Коница“
с. Доброште, Теарце
Од книгата „Детски
литературен фестивал Ракатки 2019“