Камп по веронаука во „Пресвета Богородица Пречиста“

236

Првпат годинава во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“, Кичевско, се одржува летниот камп по веронаука, на кој учествуваа 20 млади на возраст од 10-15 години. Кампот траеше од 23 до 28 јули, а сите деца беа од Кичево.

Инаку годинава кампот работи со намален број деца, за разлика од претходните години кога истиот тој се одржуваше во манастирот Рајчица, Дебарско.
– Инаку кампот по веронаука традиционално се одржува во манастирот Рајчица, Дебарско, но поради презафатеност со работни активности на овој манастир, со благослов на архимандритот Партениј од Бигорската света обител, кампот годинава е дислоциран во „Света Пречиста“. Иницијатор на овие кампови по веронаука е токму архимандритот Партениј и ова е првпат тој да се одржува во друго светилиште – посочи Бошко Сарафилоски.

Инаку монашкото сестринство во „Света Пречиста“ пристигна од манастирот Рајчица, по смртта на сестра Агнија. Ова свето место има долга историја, а овдешната манастирска црква е најголема во земјава.