Организацискиот одбор на 54. „Детски Рацинови средби“ распишува литературeн и ликовен конкурс на тема: „Детските сништа во мугрите“.
Право на учество имаат учениците од шесто до девето одделение од oсновните училишта и учениците од прва до четврта година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во три категории:
– категорија шесто и седмо одделение;
– категорија осмо и девето одделение;
– категорија од прва до четврта година средно.
Поетските творби за литературниот конкурс треба да се најмногу до 25 стиха. Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Најзначајно е детските песни да се оригинални. Творбите треба да се испраќаат на мејл-адресата: [email protected], најдоцна до 22 октомври.
Мејлот треба да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и мејл на менторот, со назнака „За Детски Рацинови средби“.
Откако комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.
На ликовниот конкурс секој ментор има право да учествува со цртеж од еден ученик. Најзначајно е детските цртежи да се оригинални. Учесниците на ликовниот конкурс треба да ги достават цртежите по поштенски пат, најдоцна до 22.10.2021 година, на ул. Алексо Демниевски бр. 11, 1400 Велес, со назнака „За Детски Рацинови средби“. Потребно е да се достават и следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и мејл на менторот.
Откако комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.
За дополнителни информации или одговор на прашања, заинтересираните може да испратат мејл на: [email protected]
За резултатите од литературниот и ликовниот конкурс за 54. „Детски Рацинови средби“, организаторот ќе извести најдоцна до 1.11.2021 година.