Имам желби…

20

Во моите желби
достоинството е животна цел,
а од мојот живот
упорноста треба да е дел.

Посакувам гордо
да се исправам еден ден
и мојот макотрпен труд
да биде награден.

Посакувам да сум личност
вредна и почитувана,
никогаш потценета,
несфатена и изолирана.

Ќе се гордеам со угледот
што ќе го создадам сама.
Посакувам да успеам
без помошта на мама.
Би сакала средина
без туѓо кроење на иднината,
без примитивни умови,
неупатени кон вистината.

До желбите и соништата
чекорите се забавени.
Кога личноста сама се
искачува, верувајте,
во животот упорноста
секогаш се исплатува!

Тања Митковска, осмо одделение, ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – Иванковци
Од книгата „Детски литературен фестивал Ракатки 2017“