Заедно да растеме со овошки зрели

81
Илустрација: Александра Ацеска

Избор од творештвото на Филип Димкоски

Драги деца, еве една задача за вас, иницирани од песните за овошјата, оние што најмногу ви се допаѓаат научете ги наизуст, или понекој стих од секоја, а за неколку од нив направете и цртежи

Драги деца, денеска ќе ви претставиме неколку песни од младиот поет Филип Димкоски, наш долгогодишен пријател и соработник. Некои од нив се објавени во неговата книга „Заедно да растеме “, а некои со негова дозволува ги објавуваме ексклузивно на нашите страници.

– „Заедно да растеме“ е книга што ги освои децата, но и возрасните во регионов. За неа добив три награди меѓу кои за најдобра книга за деца во регионот од Хрватското книжевно друштво, како и престижната плакета „Симо Цуциќ“ од Банатски културен центар, Србија. Досега книгата е промовирана во Прилеп, Битола, Скопје, Штип, Кичево, Охрид, Риека… – ни откри Филип.
Книгата „Заедно да растеме“ е препеана на српски јазик и по тој повод Димкоски одржа средби и промоции пред околу илјада деца во Србобран, Суботица, Нови Сад, Сремски Карловци и Златибор, а наесен книгата ќе биде претставена и на Саемот на книгата во Белград.

Тој дополни дека волшебното, топло лето, сонцето, водата и преполните градини со зрело овошје и зеленчук му се голема инспирација за нови песни.
Токму затоа, мислиме дека е вистинско време да прочитате стихови за овошјето, кое во овие летни месеци го има во изобилство. Тоа не само што ќе ве освежи, туку ќе ве направи и поздрави и пободри да трчате по плажите, да се искачувате на планините или едноставно да го разгледате своето место и да откриете ново омилено катче.

А песните, тие ќе ви бидат духовна храна, стихови и рими, кои ќе ве поттикнат уште многу книги да прочитате, и од Филип и од други македонски писатели за деца, а зошто да не и самите да напишете понекоја песна за овој ваш омилен период од годината.
Зашто летото е најубаво годишно време, во кое сите се одмораме, патуваме, сонуваме, ама никако не треба и да безделничиме.

Филип Димкоски со најдрагите читатели

Затоа еве една задача за вас, иницирани од песните за овошјата, оние што најмногу ви се допаѓаат научете ги наизуст, или понекој стих од секоја, а за неколку од нив направете и цртежи.

Со желба да уживате во остатокот на летото, еве, ви подаруваме слатки стихови, од кои несомнено побрзо и полесно се расте. Или како што вели Филип „дечињата со вода нека се ладат, овошје нека јадат, со стихови нека се сладат“!