Дали е можно да се читаат мисли?

155

Ајде да видиме…

Појавата позната под називот телепатија подразбира активност кога една личност може да дознае што мисли или работи друга личност, со која не стапила во контакт со помош на нашите пет сетила за вид, слух, допир, мирис и вкус. Оваа способност припаѓа во областа на псевдонауката (сознанија што не се засновани на научни методи). Иако во текот на историјата имало луѓе што тврделе дека можат да читаат мисли или да видат разни настани во иднината и минатото, како на пример Нострадамус, со ниеден експеримент што е направен во контролирани услови овие тврдења не се докажани.
Од друга страна, доколку сме често во близината на некоја личност, ако слушаме што зборува и ја гледаме што прави не е тешко да ѝ се „прочитаат мислите“. Сите ние имаме способност да сочувствуваме со другите, па со мала вештина на читање на говорот на телото, анализа на изразот на лицето и погледот, имаме големи шанси да сфатиме што мисли или чувствува некој.