Вторпат во Прилеп театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“

38

На летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 11, 12 и 13 септември вторпат се одржа театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Во трите фестивалски денови, најмладата публика уживаше во претставите „Кралица на музиката“, „Алиса во земјата на чудата“ и „Дружината на Лајко Сезнајко“.
Фестивалот се одржа на отворено со почитување на сите мерки за заштита од коронавирусот, но тоа не влијаеше на квалитетот на претставите, во кои децата уживаа.
Организаторите посочија дека целта на фестивалот е да ги развие имагинацијата, креативноста и фантазијата кај децата и, наедно, да ги научи за важноста и значењето на културата и уметноста.
Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ годинава финансиски беше поддржан од Општина Прилеп и од Министерството за култура.