Бонбонче – во жолто картонче

55

Има ли дворови
било училишни,
било наши
по нив да шетаат – жирафи?

Има,
Веќе подвизи мали,
по училишни приредби
фестивали и маскенбали.

Се поздравуваш
со сосетче
од погорниот кат.
Ти мавтам жирафче
со издолжен врат.

Бонбонче
во жолто картонче.
Со срце скроено,
од мама обоено.

Прашање,
за сите умни глави:
– ќе распознаеш ли
ако не ти се јави?

Васил Мукаетов,
од книгата „Растеме да пораснеме“