Божиќни песни

20

Божиќна песна

Мириса темјан,
босилек цвеќе,
камбани ѕвонат –
Божик е веќе.

Небесен ангел
секаде јави:
– Христос се роди
– Божик се слави.

Наум Попески


Нашите светци

Еве една песна
за нашите предци
кои еднаш дамна –
ги нарекле светци.

Низ животот тие,
така сите велат,
за народот правеле,
само добри дела.

Наум Попески