Кинески истражувачи тврдат дека патентирале индустриски робот што може да ги чита човечките мисли со 96 проценти точност. Роботот составен од сензори за мозокот и рацете, за време на лабораториските тестови, може да реагира речиси веднаш на мислите на испитаниците

Истражувачите од универзитетот „Јичанг“ открија дека фабричките работници што работат на подвижната лента не морале да издаваат вербални наредби или да покажуваат намера со гестови кога требало да земат друга алатка или компонента на производот, бидејќи роботот одговорил „речиси веднаш“ и побарал да се постави на работната површина.
Ваквите „колаборативни роботи“ или „коботи“ би можеле да го забрзаат производството на производната лента, велат истражувачите.
Сепак, нивната примена во практика сè уште е неостварлива бидејќи нивната способност да ги препознаат човечките намери е често неточна и нерамномерна. За да го надмине тоа ограничување, роботот поминал стотици часови на обука.
Додека делот што беше прикачен на главата очигледно добро ги толкуваше намерите на работниците со приближно 70 проценти точност, сигналот од мозокот беше слаб. Наводно, работниците морале да бидат „многу фокусирани“ за роботот да добие „јасна порака“. Сепак, повеќето работници честопати беа премногу расеани од други мисли.
Електричните сигнали од мускулите што ги собирале сензорите на раката биле „постабилни“, но изгубиле и струја кога работниците се измориле.
Сепак, програмерите тврдат дека комбинацијата на мозочни и мускулни сигнали може да му помогне на роботот да го предвиди следниот потег со „невидена прецизност“, дури 96 проценти.

Подготвиле: Марјан Велевски; Билјана Здравковска