Цените на нафтата надминаа 100 долари за барел, што е рекордно ниво за повеќе од седум години откако почна кризата на истокот на Европа

Цените на нафтата се искачија над 100 долари за барел за првпат од 2014 година, додека берзите паднаа, а рубљата достигна рекордно ниско ниво откако рускиот претседател Владимир Путин започна специјална воена операција во Украина.
Цената на суровата нафта од типот брент достигна околу 104,71 долари за барел, а според просекот „Вест Тексас“ (ВТИ), цената изнесуваше 99,33 долари. Цената на златото исто така се зголеми бидејќи инвеститорите, загрижени за можното влијание на конфликтот, бараат побезбедни инвестиции.
Русија е втор најголем извозник на сурова нафта и најголем извозник на природен гас во светот.