На 25 декември 1991 година, Михаил Горбачов, лидер на Советскиот Сојуз речиси седум години, се повлекува од функцијата. Тој ја објави својата оставка во десетминутен говор, емитуван во живо на телевизија, додека Советскиот Сојуз заминува во историјата.
Во Кремљ за последен пат беше спуштено советското знаме со чекан и срп.
Со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Русија ја загуби контролата врз 14 поранешни републики со кои претходно доминираше.
Оваа година државите низ Источна и Централна Европа ја одбележуваат својата трета деценија од независноста, а регионот и понатаму се соочува со непозната иднина; движејќи се помеѓу западните либерални демократии на ЕУ и свртувањето кон Москва и Истокот.
Русија неодамна објави дека ја суспендира својата мисија во НАТО и ги затвора канцелариите на алијансата во Москва, бидејќи односите со западниот воен блок се заладија.
Украина стана тежиште на недоразбирањата, се распоредуваат десетици илјади руски војници во близината на украинската граница, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина се руските црвени линии, во смисла дека со приклучувањето на Украина во НАТО се нарушува безбедноста на Руската Федерација.