Годинешната лауреатка Дона Стрикленд е само трета жена што добила нобел за физика

Вкупно 896 лауреати и 27 организации се добитници на „нобел“ од 1901 година, покажуваат податоците на веб-сајтот за Нобеловата награда. Во официјалната статистика сѐ уште не се додадени годинешните добитници, но заклучокот останува ист, а тоа е дека најголемиот дел лауреати може да се сместат во една категорија: стар бел маж. Според веб-сајтот АЕИ, кој ги вклучува и годинешните 12 лауреати, вкупно 854 мажи добиле Нобелова награда во 118-годишната историја, за разлика од само 51 жена. Дона Стрикленд ја освои годинашната Нобелова награда за физика, со што стана само трета физичарка што го добила признанието, и тоа по пауза од цели 55 години.

Соодносот меѓу мажите и жените за Нобеловата награда е речиси 17 спрема 1, при што мажите учествуваат со неверојатни 94,5 отсто во сите награди доделени од 1901 година, наведува Статиста.