Отстранувањето на режимот на Асад може само да го пренасочи насилството во Сирија

Реалистичката традиција, за разлика од теориите на заговор, располага со мноштво ресурси за оние лица што се залагаат за повоздржана надворешна политика. Според неа, другите држави итро се справуваат со меѓународниот притисок, имаат капацитет да се спротивстават и се подготвени да склучуваат невообичаени партнерства, вели Џон Ален Геј од „Нешенел интерест“

Како може да се употреби американското богатство на поинаков начин отколку за отворање нови конфликти

Деновиве жешка тема е идејата дека САД треба да излезат од старите војни и да не влезат во нови. Една идеолошки различна коалиција успеа да извојува важни победи во Конгресот, во извршните тела, во светот на експертите и меѓу граѓанските движења. Сепак има уште многу работа, но посветените активисти играат со големи влогови.
Од друга страна, постојат лица што би го отфрлиле сето ова само за да ги наметнат теориите на заговор. Во светот на теоретичарите на заговор, неуспесите во американската надворешна политика не потекнуваат од сериозните погрешни процени, идеолошките ентузијазми и избегнувањето одговорност на елитите во надворешната политика на Вашингтон, туку од мрежата на влијателни личности што тајно ги влечат конците во светот. Ѕверствата што се вршат надвор од границите на САД се претставуваат како лажни знаци за да ги натераат Американците да размислуваат воинствено. Секогаш жртвите се користат како лажна пропаганда сè додека не се докаже спротивното. Ова јасно се гледа во постојаните обиди Башар ал Асад да се прогласи за невин за труењето со хемиско оружје на сопствениот народ и во бизарните напори да се претстават кинеските концентрациони логори во Синџанг како големи стручни училишта.

Во светот на теоретичарите на заговор се извртува и потоа се пренагласува начинот на кој Вашингтон ги третира суровите диктатори пред своите сојузници, па, така, тие кај американските непријатели се прикажуваат како силно несфатени лидери, чии најлоши злосторства се всушност извртени факти од страна на истите тие мрачни сили. Иако со право се критикува тенденцијата на некои новинари стручни за национална безбедност дека служат како стенографи на системот за национална безбедност, сепак многумина од теоретичарите на заговор со задоволство би ја вршеле истата работа за ваквите системи на ривалските држави, пред сè на Венецуела, Сирија и на Русија.
Уште полошо е што теоретичарите на заговори честопати нудат алатки за оние што сакаат да им се стави крај на бесконечните војни. Имплицитно во идејата дека посветените активисти мора да извршат притисок за Кина да го промени однесувањето со малцинството на Ујгурите или дали Асад ќе го труе својот народ со хемиско оружје претставува тивкото прифаќање на либералната интервенционистичка претпоставка дека таквите настани всушност треба да ја диктираат американската надворешна политика. Теоретичарите на заговори прават грешка многу слична на онаа на функционерите во претходната администрација на Буш, кои сметаа дека вината за војната во Ирак се лошите разузнавачки информации наместо нивните сопствени лоши одлуки. Стратезите дејствуваат во сложен и тежок свет, каде што добрите намери автоматски не значи дека ќе дадат добри резултати.

Правдата не е единствената доблест на државникот. Таа може да биде причина за една странска влада да изврши тешки ѕверства и да биде повод САД непромислено да извршат инвазија, да бомбардираат или да санкционираат друга земја. Една странска земја може да набави оружја за масовно уништување и без размислување во кој било момент да нападне.
Недостигот од чиста правда е јасен во повеќе денешни случаи. Вашингтон има неколку аса во ракавот што може да ги употреби врз Пекинг, за да му се стави крај на уништувањето на идентитетот на Ујгурите, но тие ќе имаат висока цена во други области. Слично на тоа, отстранувањето на режимот на Асад може само да го пренасочи насилството во Сирија, како во случајот со режимската промена во Либија и во Ирак. Таквите аргументи се помоќни од она што може да го понудат теоретичарите на заговори и не само што постојат во реалноста туку и директно ја напаѓаат перспективата за супериорност. Американската надворешна политика на конфронтирање се покажа неуспешна. Тогаш, кој аргумент е посилен од неуспехот?
Со признавањето дека други држави извршуваат злосторства, посветените активисти целосно се ставаат во реалната традиција, во која се очекува да се види немилосрдноста во очајните состојби. Реалистичката традиција, за разлика од теориите на заговор, располага со мноштво ресурси за оние лица што се залагаат за повоздржана надворешна политика. Според неа, другите држави итро се справуваат со меѓународниот притисок, имаат капацитет да се спротивстават и се подготвени да склучуваат невообичаени партнерства.

Затоа, реализмот гледа со скепса на кампањите за истиснување на непослушните држави од меѓународниот систем. Бидејќи реалистите силно се фокусираат и ја проучуваат употребата на воената и на економската моќ на една држава, многумина се држат до ограничувањата и неизвесноста од употребата на сила. Бидејќи реализмот ги дефинира националните интереси во потесна смисла, тој нуди решенија како да се избегнат многу потенцијални конфликти. Ова особено важи за САД, кои многумина ги сметаат за високо безбедна држава што може мирно да чека додека сами од себе се решаваат повеќето од конфликтите. Во крајна линија, реализмот претставува трагична разумност и укажува дека човечката акција не може да ги искорени грдотијата во светот и оние што ја предизвикуваат.
Во секој случај, сите посветени активисти не се сметаат за реалисти. Но дел од силните струи меѓу нив располагаат со доволни силни аргументи, за да се спротивстават на новите војни без да се потпираат на теориите на заговор. Прогресивците, особено оние што се залагаат за солидарност, може да ги нагласат лошите последици од американскиот авантуризам што се одразија во странство и како може да се употреби американското богатство на поинаков начин отколку за отворање нови конфликти. Либертаријанците може да укажат на веродостојноста на добро познатото предупредување на Рандолф Борн дека „војната се случува за здравје на државата“. Уставните конзервативци може да инсистираат дека секоја нова војна може да биде иницирана од уставни средства, односно со гласање во Конгресот.

Сите припадници од различни аспекти на политичкиот спектар може да се повикаат на неуспесите од изминатите три децении. Дури и во случаите на лажното сведочење на Наира во американскиот Конгрес или вториот инцидент во Заливот Тонкин, каде што навистина имаше некаква заднина, секогаш во реалноста може да се пронајдат доволно причини за избувнување нова војна. Теориите на заговор само може да им наштетат на активистите и да ги посрамотат. Тие ги рушат цврстите темели на кои се градат фактите и ставовите, па поради тоа честопати поединецот се одлучува вистината да ја бара во сомнителни видеоснимки, квазинаука и во зборот на диктаторите.