Екстремните временски услови повеќе не се теоретски, туку тие прераснуваат во реален проблем, за што најдобро сведочат англиските второлигашки фудбалски клубови, пишува Филип Доукс за „Би-би-си“

Поплавите и екстремните временски услови проблем за рекреацијата на отворено

Заканата од климатските промени за фудбалот честопати е претставена преку потенцијалното уништување, кое наскоро ќе се случи доколку не ги послушаме предупредувањата поставени пред нас. Но спортот веќе го чувствува нивното влијание. Во Велика Британија, десетици илјади натпревари на сите нивоа се одложени или целосно изгубени поради екстремните временски услови, при што ризикот од поплави ќе ја остави иднината на некои клубови да виси на конец. Претседателите, извршните директори и секретарите на клубовите се наоѓаат на првата линија додека се борат да ги заштитат своите тимови од ефектите на климатските проблеми. За вклучените клубови, исто како и за многу луѓе низ светот што веќе се справуваат со широк опсег и разорни последици од глобалното затоплување, тоа е борба за опстанок. Англискиот фудбалски второлигаш Карлајл Јунајтед живее под постојана закана од поплави на неговиот терен во Брантон Парк, откако доживеа таква судбина во 2005 и 2015 година. Покачувањето на нивото на морето поврзано со климатските промени претставува огромна закана за фудбалските терени низ Велика Британија, особено за оние што се наоѓаат на крајбрежјето или во близината на големите реки. За многу клубови, таквата перспектива останува хипотетичко сценарио, но за некои страни во фудбалските лиги тоа е премногу реално.

Дали релокацијата на терените е решение?

Ризикот од поплави и неговото влијание врз вредноста на локацијата, без разлика дали тоа се однесува на обезбедување инвестиции, ја поткопуваат способноста на клубовите да се развиваат и да бидат отпорни на климатските промени. Клубовите можат внатрешно да преземат мали чекори, но не и да го решат проблемот. Агенцијата за животна средина презеде мерки за подобрување на локалната заштита од поплави во изминатите 18 месеци, а Фудбалската фондација обезбедува ограничени средства за помош доколку се случи најлошото. Врз основа на сценарио каде што светот продолжува да создава високи нивоа на емисии на јаглерод, Британскиот метеоролошки завод предвидува дека зимите ќе бидат до 30 отсто повлажни до 2070 година. Состојбата е уште поопасна за некои клубови во другите лиги на англискиот фудбал. Минатиот месец, истражувањето спроведено од „Климатската коалиција“ процени дека екстремните временски услови поврзани со климатските промени резултираат со откажување или одложување на околу 62.500 аматерски натпревари во Велика Британија секоја година.

Вклученост и на меѓународните организации

Ваквите случувања отворија простор за фудбалските клубови да се вклучат во спортската рамка за климатски активности на Обединетите нации. Ова ги повикува спортските организации да ја одиграат својата улога во борбата против климатските промени, со акцент на значајна акција наместо заложби за позитивни чекори. Голем број англиски клубови, вклучувајќи ги Ливерпул, Саутемптон и Тотенхем, исто така се посветени на рамката, како и Фудбалската асоцијација и „Би-би-си“. Спарс и Челзи неодамна се обидоа да го одиграат првиот натпревар во светот со неутрален јаглерод, за кој навивачите беа повикани да одат до стадионот со велосипед или со јавен превоз и да јадат само веганска храна, меѓу другите мерки. Но неодамнешното истражување на „Би-би-си спорт“ покажа дека проширувањето на европските клупски натпреварувања на УЕФА довело до огромно зголемување на бројот на патувања од страна на тимовите и навивачите, голем дел од тоа по воздушен пат. ФИФА претходно ја истакна желбата Светското фудбалско првенство в година во Катар да биде јаглеродно неутрално. Заедно со УЕФА, исто така ја потпишаа спортската рамка на ОН.