Новите првични процени на „Евростат“ го откриваат можното влијание на пандемиската 2020 година што го остави врз економски најризичните земји од Европската Унија (ЕУ). Како што покажува инфографикот, зголемување на ризикот од сиромаштија кај работоспособното возрасно население било забележано во Ирска, Португалија, Шпанија, Италија, Австрија, Грција, Бугарија и во Шведска. Во други делови од блокот состојбата е повеќе или помалку стабилна, додека во Естонија беше забележано намалување на економските ризици.