Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун замени уште повеќе партиски функционери, наводно поради нивниот неуспех да се справат со долгогодишниот недостиг од храна, како што информираа медиумските агенции овој месец. Според „Никеи“, намалената трговија на северната граница на државата поради пандемијата во комбинација со потпросечните приноси на земјоделските култури предизвикаа проблеми со резервите на храна. Ова беше соопштено една недела по смената на функционерите во врска со застрашувачкото прогласување на „огромна криза“ во борбата на државата против коронавирусот. Северна Кореја долго време зависи од увозот за да ги задоволи потреби за храна на своите граѓани. Многу од производите доаѓаат од Кина, особено по строгите санкции што ѝ скратија други извори. Северна Кореја се соочи со голем глад во средината на 1990-тите години, но значително ги подобри своите резерви на храна во наредните две децении. Меѓу 2008 и 2010 година, побарувањата за увоз на жито, кое всушност е проблем во државата, надминуваше еден милион тон годишно, бидејќи земјата се бореше со недостиг од храна поради неуспешните жетви. Во 2019 година, оваа бројка повторно беше надмината, бидејќи жетвата во државата беше погодена од прекумерна жештина и недостиг од дожд. Од средината на минатата деценија до денес, бројот на неисхранети лица во Северна Кореја нагло порасна повторно, според податоците на ФАО. Меѓу 2017 и 2019 година (последните достапни податоци), во Северна Кореја неисхранети биле над 12 милиони лица, покрај тоа што овој проблем беше ставен под контрола кај децата.