Повеќето луѓе ја поврзуваат дигиталната економија со висококвалификувани компјутерски инженери и професионалци за маркетинг, но главните двигатели на трговијата се понискоквалификуваните работници што возат „Убер“ и испорачуваат храна. Нивните работни услови честопати се доведуваат во прашање. Дигиталните фирми обично не ги вработуваат директно работниците, со што се креираат нови видови слободни хонорарни ангажмани. На овој начин работниците се самовработуваат, но во реалноста работат за една компанија, која не мора да им ги покрива здравственото и пензиското осигурување. Истовремено, повеќето иновативни компании можат да остварат заштеди, затоа што точно пресметуваат кога им треба работна сила и само тогаш ја плаќаат.
Анализирајќи ја состојбата со самовработувањето во светот, станува очигледно дека всушност постои обратна корелација меѓу уделот на самовработени и БДП во нивните земјите. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, само 12,2 отсто од работниците се самовработени просечно во богатите држави, додека во земјите со ниски приходи, оваа бројка расте до 80,3 отсто. Ова е показател за распространетоста на егзистенцијалното земјоделство и луѓето што работат без надомест за нивните семејни бизниси (што исто така се смета за самовработување во податоците).
Во 2019 година, Нигер имаше највисока стапка од над 90 отсто самовработени во светот. Арапските земји забележаа најниски стапки, со тоа што 4,9 отсто од овие работници беа регистрирани во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во Кувајт таа бројка изнесуваше 1,8 отсто, додека во Катар имаше 0,4 отсто самовработени.