Според анализата на податоците од страна на компанијата „Ерфинити“, САД располагаат со капацитети за производство на речиси 4,7 милијарди дози на вакцината против ковид-19 до крајот на оваа година. Според откритијата што во јавноста ги пласира „Дојче веле“, Индија исто така има големи капацитети за производство на над три милијарди дози на вакцината. Таму се наоѓа најголемиот светски производител на вакцини, поточно Серумскиот институт на Индија.
За споредба, истиот извештај на фондацијата „Пристап до медицината“ покажува дека „Санофи“ произвела една милијарда дози вакцини истата година, додека „Глаксо смит клајн“ произвел речиси 700 милиони дози, а „Фајзер“ ги чува бројките како строга тајна.

Покрај високиот број произведени дози, Серумскиот институт заработи многу помалку од неговите вакцини поради тоа што повеќето од нив се продаваат дома по ниски цени. Во 2015 година, тој оствари приходи од приближно 566 милијарди долари, додека „Санофи“ и „Фајзер“ заработија меѓу 35 и речиси 50 милијарди долари соодветно.
Според „Дојче веле“, компанијата „Астра Зенека“ планира да произведе една милијарда дози од оксфордската вакцина, која е евтина и лесно се складира, токму во капацитетите на Серумскиот институт на Индија. Втората домашно произведена вакцина „коваксин“ исто така беше одобрена во државата, и покрај тоа што третата фаза од испитувањата сè уште трае, а не е објавена нејзината ефикасност.