Според годинашниот извештај за капацитетот на воздушните сили во светот, кој беше објавен од страна на месечникот „Флајт интернешнел“, во соработка со „Ембраер“, американските воздушни сили, армијата, морнарицата и маринскиот корпус располагаат со над 13.000 воени летала. Покрај тоа што авионите „ф-35“ наскоро ќе бидат претставени како засилување, сепак најчесто користениот борбен авион во американската војска е „ф-16ц“, а во функција се 803 вакви авиони. Овој модел на авион исто така најчесто се користи и во светски рамки, и тоа разни воздушни флоти располагаат со 2.267 „ф-16ц“, се наведува во извештајот. Русија има втора најголема воздушна флота во светот, со нешто повеќе од 4.000 авиони во функција. Борбените авиони „сухој-27“ и „сухој-30“ се столбот на руските воздушни сили и се вториот најчесто користен борбен авион денес, така што околу 1.000 модели на овој авион се користат во долга листа на држави, меѓу кои се и Украина, Индија и Малезија. Руската војска сега се поднови со напредниот модел на „сухој-57“.
Кина е на третото место по капацитетот на воздушната флота, со тоа што во службата има 3.160 авиони.