„Ролс-Ројс“, подружницата на „Бе-ем-ве“ вообичаено позната по своите луксузни автомобили, наводно поставила нов светски рекорд за најбрз лет со електричен авион. Авионот достигнал брзина од 345 милји на час на 16 ноември, соборувајќи го рекордот што порано беше поставен од авион изграден од инженери на „Сименс“. Според податоците на Светската федерација за воздушни спортови, „екстра 330ЛЕ“ е актуелен рекордер, бидејќи летот на авионот на „Ролс-Ројс“ сè уште не е официјално потврден. Целосно електричните комерцијални патнички авиони може во иднина да го видат светлото на денот, но фактот што компании како „Сименс“ и „Ролс-Ројс“ се приклучуваат во авијациските иновации служи како показател за потенцијална промена кон поодржлива индустрија. Во септември годинава, „Ербас“ објави планови за концепти за три авиони напојувани со водород, кои производителот има цел да ги стави во функција до 2035 година, откако веќе успешно го направи прототипот на своето воздушно такси. Овие видови иновации би можеле да помогнат да се одржува рамнотежата во зависноста од фосилните горива и проблемот со емисијата на стакленички гасови во индустријата.