Како што стивнува полека корона-кризата во многу делови од светот, проблемите со синџирите на снабдување повторно растат за многу компании, главно во САД и во еврозоната. Компонентите на индексот на деловни активности (ПМИ) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат како се развиваа нарушувањата во синџирите на снабдување во текот на пандемијата, со тоа што врвот го достигнаа на почетокот на 2020 година и се зголемија повторно во текот на оваа година, бидејќи новото нормално и укинувањето на рестрикциите доведоа до поголема побарувачка на сите видови стоки. Од друга страна, синџирите на снабдување во Кина и во пазарите во подем се помалку погодени.
Сè уште под влијание на строгите рестрикции и карантините, како и на загубата на работна сила поради болест или патните ограничувања, многу доставувачи мораа да го ограничат своето производство и веќе не беа во можност целосно да ги исполнат своите обврски за испорака. Дури со отсуството на еден дел во снабдувањето што може брзо да влијае на производствените процеси на огромен начин, сложената структура на светските синџири на испорака може лесно да потклекне. Според ММФ, нарушувањата на синџирите на снабдување, заедно со зголемените цени на суровини, исто така се причина за растот на потрошувачките цени.