Западот ја бомбардираше Сирија како одговор на наводниот хемиски напад во Дума. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „има доказ“ дека сириската влада го нападнала градот со хемиско оружје, додека американската амбасадорка во ОН Ники Хејли рече дека постојат „доволно докази“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека нападот е „исцениран од странски агенти“, нагласувајќи дека тој е дел од „русофопската кампања на една држава“. Башар ал Асад исто така негираше дека стои зад нападот и тврди дека извештаите се „измислени“. Во меѓувреме, инспектори на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПКВ) почнаа истрага за инцидентот.

Сирија се приклучи кон Конвенцијата за хемиски оружја во септември 2013 година, спогодбата со која се забранува производство, складирање и употреба на хемиски оружја. Конвенцијата стапи во сила во 1997 година и се покажа како мошне успешна во уништувањето на светските резерви на хемиско оружје. Договорот до април 2016 година го потпишаа 192 држави, а до јануари годинава беа уништени над 96 отсто од познатите светски резерви на хемиско оружје.