Откако големопродажната цена на храната првично падна за време на пандемијата на коронавирусот, светскиот индекс за цена на храната ФАО покажа огромно зголемување по падот. Неодамна храната во целиот свет поскапе за 18,5 отсто од просекот за 2014-2016 година. Бројките во март беа највисоки во однос на кој било месец за повеќе од шест години.
Цената на палминото масло го поттикна зголемувањето на индексот од четвртиот квартал на 2020 година, но светската цена на житарките забележа значителен пораст во февруари и март годинава. Сувото време и нарушувањето на производството поради ковид-19, заедно со силната побарувачка за индискиот фестивал на светлината „Дивали“, како и од Кина, придонесоа за празнење на резервите палмино масло. Лошата жетва во Европа и во САД доведе до зголемување на цената на пченката во јануари, која ја задржа високата цена во февруари, а потоа малку ја намали во март. Нарушувањата предизвикани од пандемијата, сепак, имаат моќ да доведат до зголемување на цените на светските пазари.