Кинеската економија продолжи со обновата во четвртиот квартал од 2020 година, со што го врати порастот на нивото од пред појавата на пандемијата. Според Државното биро за статистика на Кина, БДП на државата пораснал за 6,5 отсто во однос на 2019 година во последните три месеци од годината, заклучно до 31 декември, во споредба со 4,9 отсто во третиот и 3,2 отсто во вториот квартал, кој заврши на 30 јуни. Во првите три месеци од 2020 година, епидемијата на коронавирусот првпат по многу години резултира со првиот квартален пад на БДП во втората најголема економија во светот. Иако брзиот економски скок резултира со 2,3 отсто пораст за целата 2020 година, тој сепак претставува најлош резултат по 1976 година за најголемата економија во подем. Сепак, темпото на кинеската обнова ги надмина очекувањата на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, кои го предвидоа порастот на 1,85 и 2,0 отсто соодветно за 2020 година во нивните најнови економски прогнози.
Економското производство на Кина се намали за 6,8 отсто во однос на 2019 година во првите три месеци од 2020 година, откако се појавија епидемијата на коронавирусот во Вухан и последователните карантини, кои ѝ ставија кочница на земјата. Пред корона-кризата, економскиот пораст на Кина беше стабилизиран на околу шест отсто по постепеното забавување на порастот од повеќе од 10 отсто во првата декада од 21 век.