Иако најголемиот пад на приходите за авиокомпаниите предизвикан од пандемијата на ковид-19 веројатно заврши, сепак на индустријата ќе ѝ треба уште време да ги достигне претпандемиските нивоа на бројот на патници и заработката. За да избегнат банкрот, владите низ светот им обезбедија на авиокомпаниите различен степен на финансиска помош. Како што покажува инфографикот, врз основа на податоците на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), поголемиот дел од оваа помош доаѓа во форма на субвенции за плати и заеми.
Северноамериканските авиокомпании беа главните приматели на финансиска помош, кои достигнаа вкупно 105 милијарди долари во текот на последните 18 месеци. Европа е на второто место, со 70 милијарди долари, потоа регионот Азија-Пацифик, со 33 милијарди долари, додека мала помош им е доделена на авиокомпаниите во региони како Блискиот Исток, Африка или Латинска Америка. Покрај неповратните субвенции за плати, 99 милијарди долари од вкупните 243 милијарди долари помош доаѓаат во форма на заеми и гаранции за заеми, што дополнително ги зголемува долговите на авиокомпаниите во целина.
Покрај тоа што авионскиот сектор беше меѓу најтешко погодените од пандемијата, банкрот главно прогласија помалите авиокомпании.